07 мај 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Македонија не води војна за името со Атина, туку со Брисел и Стразбур. Ариевскиот модел на државност на Атина креиран во Париз и Лондон во 19 век, како основа за фашизмот во Германија во 20 век е фундаментален проблем на Европската Унија и НАТО и тие самите тоа мора да го решат во односите со Грција како последен бастион на расизмот, антисемитизмот, антимакедонизмот и наци-фашизмот во Европа, причина за банкротот и анархијата во Елада во 21 век. Доколку Брисел и Стразбур не се справат со таа системска инсталација во Грција ризикуваат Европската Унија и НАТО да ги втурнат во длабока економска криза и да предизвикат глобална дестабилизација.
Свет



Лондонски Обсервер, јули 1986. го цитира помошникот министер за одбране на САД за атомска енергија Р. Вагнер за постоење на „таен план на територијата од Западна Германија да се распореди нова артилериска муниција со нуклеарни полнења на принципот на неутронска бомба”. Врховниот командант на НАТО американскиот генерал Бернард Роџерс ми рече во Монс, во интервју за загребскиот „Данас“ октоомври 1982: ,,Неутронското јадро може да се чува и во САД, додека кај нашите сојузници поминат грчевите кои им ги предизвикува тоа оружје.”

