26 август 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес ја отфрла изјавата на Марк Прелек од Меѓународна кризна група за Македонија како провокација за албанска сепарација од Македонија што не е можно без нова регионална војна на Балканот!
Ако Меѓународната кризна група е загрижена за регионалната стабилност на Балканот, нека ја принуди Елада, Европската Унија и НАТО да ја прифатат државноста на Македонија! Државноста не е само територијата, туку и името и народот и јазикот заедно! Прокламацијата на наци-фашистичкото барање на Атина за промена на државното име Македонија и сервилноста на европската биократија кон грчкиот геноцид врз македонскиот народ ќе го дестабилизра не само Балканот туку и Европа!
Светскиот Македонски Конгрес
Македонија





