Добредојдовте: МкБ Македонија Агресија врз слободата на научната мисла.

Портал Македонско Братство

МкБ

Агресија врз слободата на научната мисла.

Е-пошта Печати PDF


Објавувањето на првата Македонска енциклопедија даде уште еден повод и прилика за манифестирање на албанскиот радикален национализам презентиран преку непримерно жестоката реакција на политичките партии и “граѓански здруженија“ на албанското малцинство во Република Македонија.

 

Притоа јасно се искажуваат и претензиите на тој албански национализам и се потврдува неговата зацртана политичка стратегија, преку уцени по политичката стабилност на државата и преку закани за меѓуетнички тензии, да се изнудува исполнување на нивните политички и националистички желби и да се добиваат партиски поени преку потпалување на националните страсти и подгрејување на националистичките апетити кај албанската заедница. Како да нема крај на ова бесконечно малтретирање на македонската јавност и целокупното општество од страна на албанските партии и нивните постојани барања, уцени, примедби за неисполнети права и тн. Тие буквално ја демнат и користат секоја можна прилика и повод за националистички испади и постојани реакции на незадоволство и приземни политички закани, злоупотребувајќи ја политичката важност на меѓуетничките односи, вештачки креирана во РМ со голема помош и од меѓународниот политички фактор. 
Дали според Брисел и Вашингтон, РМ треба постојано да удоволува на апетитите и желбите на албанскиот национализам како ние би имале “чисто политичко досие“ и “идеални меѓунационални односи“, нешто што и тие го немаат постигнато во своите редови. Иако оттаму или преку дипломатските претставници, на македонскиот народ постојано навредувачки и запрепастувачки му се упатуваат пораки да преговара и прави компромиси за сопственото национално име и идентитет, дури и му се сугерира каква историја треба да учи (само словенска), што во основа е скандалозен политички преседан, тие досеги ниту еднаш не искажаа јасна и јавна критика до албанските партии и националисти во РМ, да престанат разликите во одредени политичките прашања и историски видувања да ги “решаваат“ со политичко и националистичко беснеење и со екстремни реакции наместо преку толерантно демократско однесување.

Ваков недоличен напад врз слободата на научната мисла од позиција на политичка сила и националистички екстремизам завиткан во амбалажа на “албански права и вистина“ е неприфатливо и несвојствено за едно слободно и демократско општество. Албанските национални партии си земаат за право со уцени и закани да ги кројат и пишуваат историските факти како што ним им одговара и да и наредуваат на историската наука како треба да мисли и работи. Ова е крајно неодговорно политичко однесување.

Секако дека треба да постои непречена можност за искажување на поинакво мислење, незадоволство и несогласување со одредени научни тврдења и историски толкувања, впрочем развојот на историската наука се темели на постојани проучувања, истражувања, пронаоѓање и презентирање на нови факти. Прво издание на една енциклопедија не значи дека е и последно. Наместо да се отвори продуктивна и културна полемика и дебата преку спротивставување на научни аргументи и факти, се користи речникот и средствата на еден фанатичен националистички екстремизам и политички мускули за да се заплаши, замолчи и “дисциплинира“ научната мисла и да се стави во подредена позиција на политичките желби и барања. Од сите претставници и презентери на овие политички атаци врз содржината на новата македонска енциклопедија слушнавме се и сешто, само не дознавме што конкретно од таа содржина се оспорува и со кои аргументи и научни факти. Ова само го покажува нивото на политичката култура и демократски капацитет. Доволно е да се отворат албанските историски книги и да се видат нивните отворени и научно целосно непоткрепени и фрапантни антички историски претензии. Али Ахмети од позиција на власт, преку јавен говор, го промовираше Скопје како главен град на Дарданија при отворањето на Музејот на ОНА, па и покрај ваквата голема провокација, не се создаваше тензична ситуација во јавноста, ниту пак имаше позначајна реакција. Етничките Македонци многупати беа провоцирани од лидерите на албанските партии нарекувани “славомакедонци“, а овој термин масовно е застапен и во албанската историска литература.
Затоа, дали со тоа тие отворено претендираат дека се дирекни потомци на Дарданците, на Илирите, на Тракијците, на Пелазгите кои божем живееле во Македонија, па Словените дошле од зад Карпатите, па им ја узурпирале нивната земја? Вака ли ја замислуваат македонската историја? А самите се нарекуваат Албанци и Шќиптари, а не Дарданци, Илири… и ако не ги прифатиле овие антички национални имиња и наследства, како тогаш ги објаснуваат овие историски аспирации, врз основа на кои научни факти претендираат на вакво историско наследство (случајното и нецелосно поклопување на зборот Дардан со албанскиот dardhe = крушка, не е никаков научен доказ туку голема несериозност ако се знае дека Дардан е теоним/епоним и име од митологијата, бројни случајни поклопувања на современи зборови со антички има скоро кај сите јазици). Со кои аргументи се негира помасовното доселување на исламизираните Албанци во западниот дел на Македонија, почнувајќи од 17 и 18 век па наваму? Кои се неточностите во биографијата на Али Ахмети ? Зошто не се отвори нормална дебата во научните кругови и јавноста за овие “спорни“ прашања, туку политичките партии се ставаат во улога на толкувачи, пишувачи и редактори на историјата и превоспитувачи на научната мисла. Па и кај голем дел кај Македонците има огромно незадоволство од начинот на толкување на делови од македонската историја во енциклопедијата, како примерот со “словенската теорија“, значењето и обемот на античкото историско и културно наследство во етногенезата на македонскиот народ и тн., но тие не создаваат од тоа и поради тоа “политички бунтови“ и јавни националистички хистерии. Се реагира, но умерено, преку дебати, презентирање на ставови, историски аргументи и научни сознанија преку научна, политичка и историска литература, преку медиумите и разни списанија и тн., онака како што доликува.

Денес сеуште доживуваме како во старите комунистичките и сталинистички времиња под контрола и диктат на политиката да се корегираат, забрануваат и повлекуваат од продажба книги и нивната содржина да се прогласува за политички неподобна.

 

Текстот е превземен од http://genocid.blog.com.mk/node/247469 и го пренесуваме со дозвола на авторот.

Share Link: Bookmark Google Yahoo MyWeb Facebook Myspace
Последно освежено ( Понеделник, 15 Февруари 2010 11:55 )  

Внеси мислење


Заштитен код
Обнови


Македонско Братство

   Галерија        Форум         Портал      

                                          

 

Контакт
Question

Контакт

Веронаука

Секој Четврток (17:45) во храмот
Св. Ѓорѓија во н. Чаир со о. Ивица

Активности

За зачувување на името...            

          

Македонско Братство

 

Со Вера во †Бог

за Братство меѓу Македонците и

сите Православни Христијани