Добредојдовте: МкБ За Нас Ние сме...

Портал Македонско Братство

МкБ

Ние сме...

Е-пошта Печати PDF

Ние сме од Антички Предци, Средновековни Дедовци, Комитски Татковци и Современи Јунаци.

НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ а нашата ЗЕМЈА Е МАКЕДОНИЈА.

Ние сме од Бога посадени во Вардарот, Пиринот и Егејот, ние сме од Бога познати како ПИРЕЈОТ.

 

Ние сме тие, но КОЈ СИ ТИ?

Цели

Македонското Братство (Macedonian Brotherhood) е растечко патриотско здружение, чија цел е да ги запознае Македонците со самите себеси, со нивната историја, со значењето на зборот Македонец и теретите кои таа националност ги носи со себе.
Филозофијата на Македонското Братство е дека секој Македонец треба да го сака својот брат поради тоа што е Македонец, не поради тоа што има било каква материјална корист од него, да му помага на братот во невоља. Христијанството е од големо значење во ова друштво.
Македонското Братство се собира да ги одбележи деновите на големите Македонски борци, да положи цвеќе на нивните гробови, на националните празници, на Македонските собири и слично.
Член може да биде секој Македонец без разлика на неговата возраст, доколку ги дели истите идеали со нас е добредојден.
Исто така имаме собири на кои се разменуваат идеи за Македонија, за нејзините борци и за нејзината иднина исто како и разменување и делење на патриотска литература.

Во денешно време самите Македонци го забораваат значењето на крвта што ја носат. Предците ни го оставиле аманетот да ја дочуваме Македонија, зашто Македонците се тие што ја прават Македонија. Поентата со името Братство е да се пробуди свеста кај Македонецот за таа придавка, за да му помага на сонародникот не поради тоа што има корист од него, но да му помага бидејќи ја делат истата националност.

Секако на сите би ни бил поубав животот доколку направиме и ни биде направено добро, а притоа да не ни биде наплатено поради тоа што сме Македонци.

Доколку се сложуваш со нашите идеали и сакаш да бидеш прифатен и да го искажеш своето мислење, слободно контактирај не и ке станеш дел од нашиот свет.

Биди пријател со Македонското Братство:

Facebook

Myspace

Youtube

 

Share Link: Bookmark Google Yahoo MyWeb Facebook Myspace
Последно освежено ( Сабота, 10 Октомври 2009 11:40 )  

Македонско Братство

   Галерија        Форум         Портал      

                                          

 

Контакт
Question

Контакт

Веронаука

Секој Четврток (17:45) во храмот
Св. Ѓорѓија во н. Чаир со о. Ивица

Активности

За зачувување на името...            

          

Македонско Братство

 

Со Вера во †Бог

за Братство меѓу Македонците и

сите Православни Христијани