10 март 2010 година, Вашингтон, САД (СМК) - Барањето на грчкиот архиепископ Деметриос до американскиот претседател Барак Обама, при вчерашната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, за промена на државното име Македонија претставува расизам и нацизам, а неговите молитви за таа цел немаат никаква врска со православието и се надвор од верата на љубовта и мирот, во служба на ѓаволот, омразата и војната.
Грчкиот расизам и нацизам догматизирани од грчкиот клир немаат ништо заедничко со христијанството, демократијата и универзалните вредности на човековата цивилизација.
Светскиот Македонски Конгрес се надева дека токму африканските корени на амриканскиот претседател ќе остане конзистентен на стратешкото партнерство на САД со Македонија и на одлуката од 3 ноември 2004 година за признавање на Македонија под нејзиното единствено државно име!
Грчките епископи ќе бидат достојни пред Господ Бог Исус Христ само тогаш кога ќе одржат панихида и ќе побараат прошка за жртвите од грчкиот геноцид врз македонскиот народ, во сослужение со македонските епископи, како историски придонес за македонско-грчкото помирување.










