27 февруари 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Само џамиите и вакафите одземени по 2 август 1944 година се предмет на враќање во согласност со Законот за денационализација. Исламската верска заедница не е сопственик ниту полага право на наследство врз џамиите и вакафите од времето на Отоманската Империја затоа што не е нејзин правен наследник. Отоманската Империја, во која Султанот бил носител на духовната и световната власт, не била ослободител туку окупатор на Македонија, македонскиот народ во тоа време не бил во слобода туку под ропство, а Албанците тогаш не биле во Македонија како што се сега. Џамиите и вакафите од времето на Отоманската Империја
се споменици на културата од особено културно и историско значење и претставуват дел од националното богатство на Република Македонија што ужива посебна заштита. Државата, некои од нив може да ги даде на користење на некои верски заедници за вршење на верски обреди, но не сите, каква што е и црквата па џамија Света Софија во Истанбул. Капан Ан, Сули Ан, Куршумли Ан, Скопската чаршија и други објекти од времето на Отоманската Империја не се сопственост на ИВЗ, ниту таа врз нив полага право на наследство. Никој никому во Македонија не брани да гради џамии во согласност со закон, ниту ИВЗ е дискриминирана затоа што не и се вреќа тоа што не е нејзина сопственост или не и се дава право да возобновува џамии од времето на Отоманската Империја кои повеќе не постојат на места кои не се сопственост на ИВЗ! Ниту отфрлањата на барањата за денационализација врз имоти кои не се сопственост на ИВЗ е дискриминација спрема Албанците, бидејќи исламот не е албанска вера, а муслимани во Македонија не се само Албанци, туку речиси половина од нив и Македонци, Турци, Роми и Бошњаци, независно што поглаварството на ИВЗ е речиси албанизирано, а во Скопје нема ниту една џамија за муслиманите Македонци. Секоја узурпација на права и имоти која не е во согласност со Устав и закон подлежи на санкции!
Светскиот Македонски Конгрес го осудува насилството заради остварување права на лица на кои тие не им припаѓаат, и узурпацијата на државна сопственост и јавни површини што ги ограничува правата, слободите и слободното движење на граѓаните!
Во согласност со Законот за денационализација, предметите и објектите од особено културно и историско значење не се предмет на денационализација!
Светскиот Македонски Конгрес ја повикува Владата, антикорупциската комисија, јавниот правобранител и јавниот обвинител да го заштитат државниот интерес и да ги стопираат сите постапки за враќање на џамии и вакафи на ИВЗ и да ги вратат во државната сопственост сите џамии и вакафи кои се вратени во спротивност со Законот за денационализација!










