26 февруари 2010 година, Скопје, Македонија - Оваа држава се вика Македонија, така било, така и ќе остане! Власта и опозицијата можат да извршат деноминација на државното име вредна за еднократен мандат, но тоа нема да ги ослободи од историската и кривична одговорност, деноминацијата нема никогаш да важи, а долгорочно ќе го дестабилизира регионот и Европа. Европската бирократија и домашните неоврховисти заради велепредавство и злосторство против сопствениот народ, мора да бидат свесни за последиците од таа авантура!
Светскиот Македонски Конгрес апелира до бирократијата во Брисел и Стразбур да стават крај и кажат доста на фашизмот на Атина за промена на државното име Македонија.
Истовремено, Светскиот Македонски Конгрес апелира до претседателот и Владата на Република Македонија да објават крај на разговорите за разликата за државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ или „држава Македонија“, со меѓународниот код МК односно МКД, независно од окупацијата на македонската земја и геноцидот врз македонскиот народ кој Грција континуирано го врши од Балканските војни 1912-1913 година до денес.
Македонците се за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, но само како Македонија и Македонци со македонски јазик, ако тоа се основни вредности на овие сојузи на држави. Доколку фашистичкото барање за промена на државното име Македонија, геноцидот врз македонскиот народ и антимакедонизмот на Атина се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, се отфрла пристапувањето на Македонија во сојуз со овие држави!










