Добредојдовте: МкБ Македонија Историја Македонија низ вековите

Портал Македонско Братство

МкБ

Македонија низ вековите

Е-пошта Печати PDF

Античка Македонија до појавата на Словените

Иако Република Македонија се здобила со независност во 1991 година, археолошките докази покажуваат дека напросторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000 п.н.е. и 3500 п.н.е. Античките Македонци веројатно биле првите што развиле државна организација на овие простори. 

 Првпат Македонското Царство се јавува во периодот на IX век п.н.е. и за први македонски цареви се сметаат Каран и Пердика I.Приближно од V век п.н.е. Македонија станува значаен политичко - економски чинител во поширокиот регион, а нејзината главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со Грчките градови-држави, при што често била сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземала страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби.Филип II Македонски (359-336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, ќе успее да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар Македонски (356-323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин ќе го скрши внатрешниот отпор во проширеното Македонско Царство, а подоцна во походот против Персија, ќе ја уништи огромната Персиска Империја и ќе ја прошири македонската држава на три континенти, протегајќи се помеѓу Европа, Египет и Индија.

По неговата смрт, оваа огромна империја се распаднала на три дела, поради несогласувањато на неговите генерали околу тоа кој ќе му биде наследник. Освојувањата на Александар Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.

Продорот на Римската Империја на исток ќе доведе до трите Македонски Војни (215 п.н.е.-168 п.н.е. со повеќегодишни прекини меѓу војните) во која Македонското Царство целосно ќе потпадне под римска власт, а последниот македонски цар Персеј ќе биде одведен како роб во Рим. По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станува дел од Источното Римско царство.

Од појавата на Словените до создавањето на македонската нација во XIX век

Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез. Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера Антички Македонци, потоа Грци, Илири и Траки. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, Македонските Словени биле организирани во полудржавни формации - македонските Склавинии. Склавиниите преземале повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на 9 век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во 9 век, исто така, започнува и црковно-просветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со создавањето на словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на 9 век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни средишта на Балканот, лулка на словенската писменост.

Дел од серијалот за Македонија

Историја на Македонија

Zlatnosonce.png
Праисториска Македонија

Неолит
Метално време

Античка Историја

Антички период
Античка Македонија
Филип II Македонски
Александар III Македонски
Хеленистичка култура
Македонија во Римската Империја

Среден век

Македонски Словени
Етногенеза
Македонска Славинија
Македонија под власта на Бугарија
Македонија под власта на Србија
Самоилово царство
Османлиска Македонија
МРО
Солунски атентати
Гоце Делчев
Илинденско востание

Модерна Историја

Вардарска Бановина
Народно-ослободителната борба
АСНОМ
Народно Ослободителен Фронт
Деца бегалци
Социјалистичка Република Македонија
Скопски земјотрес 1963
Република Македонија (сегашност)
Воен конфликт, 2001
Охридски рамковен договор

Портал:Република Македонија
 п  р  у 

Во 10 век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадена во велешко-прилепската област, како одглас на потчинувачкиот феудален црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела Европа.

Со востанијата во Македонија во втората половина на 10 век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава,позната уште и како Самуиловото царство). Македонската средновековна феудална држава постоела се до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во 13 и 14 век византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.

До крајот на 14 век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 султанот ја укинал Охридската Архиепископија. (Видете: Македонска Православна Црква)

Освестување и обединување на македонската нација во 19 век до Првата Светска војна

Зацврстување на народниот јазик

Од 14 век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на Македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време се повидливи се и трагите од современите живи македонски говори. Во старословенската основа на писмениот јазик.

Во времето на Отоманската империја писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат се повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат натписи за практична употреба.

Во 16 век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во 17 век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

  • Освестување и обединување на македонската нација
Share Link: Bookmark Google Yahoo MyWeb Facebook Myspace
Последно освежено ( Вторник, 06 Октомври 2009 15:14 )  

Внеси мислење


Заштитен код
Обнови


Македонско Братство

   Галерија        Форум         Портал      

                                          

 

Контакт
Question

Контакт

Веронаука

Секој Четврток (17:45) во храмот
Св. Ѓорѓија во н. Чаир со о. Ивица

Активности

За зачувување на името...            

          

Македонско Братство

 

Со Вера во †Бог

за Братство меѓу Македонците и

сите Православни Христијани