Добредојдовте: МкБ Features

Портал Македонско Братство

МкБ

Зошто треба да се верува за да се осознае Бог?

Е-пошта Печати PDF
Бог ставил покривало на самоевидентноста за Себе, за Вистината. Тој, Вистината останала евидентна за да се осознае, но не и самоевидентна. Значи Тој, Вистината, по суштина е самоевидента меѓутоа заради испитување на верноста на луѓето Бог кој е семоќен знаел да постави некаква завеса која ја сокрива самоевидентноста на вистината. Во спротивно сите ќе ја знаевме и сите исправно ќе мислевме и верувавме.

За сегашната овоземна делумност на познавањето зборува и Ап Павле. Истото може да се извлече од учењето за Второто Христово доаѓање кое ќе биде несомнено (значи самоевидентно). Тоа потврдува дека сега како и при Првото Христово доаѓање Бог ставил превез над сопствената Божествена природа со цел да остане единствено евидентноста која не наметнува неизбежност во прифаќањето, туку остава можност за сомнеж и докажување. Ако се докажува таа ќе треба да се потврдува себе си бидејќи треба да е евидентна на крајот од докажувањето, но никогаш нема да стане самоевидентна. Но затоа и никој нема да има оправдување за неосознавањето на Бог, бидејќи ако се бара Вистината, Господ, таа е очигледна и ќе се открива. Станува јасно зошто Господ рекол.

Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; тропајте и ќе ви се отвори;
зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што тропа, ќе му се отвори.


Вистината на овој свет е навистина евидентна, но не и самоевидентна. Исто така, тоа значи дека вистината вечно се докажува и колку успешно да се докажува, бидејќи не е самоевидентна не е неоспорна. Нејзиното вечно докажување, можноста за спорност ќе наметнува вечен сомнеж. Бидејќи човек не може да ги изведе сите можни докази, за да верува „докажано“, затоа ќе треба да се потпре на верата. Таа вера не е слепа вера бидејќи е заснована на сите докази кои човек може да ги изведе, но не постои дефинитивен доказ или крај на докажувањето. Во барањето како на Бог, така и на секое друго прашање, доказите ќе помагаат и потврдуваат, и истовремено нема да постои докажано, бидејќи и докажаното ќе има спорни прашања. Затоа за да се осознава Вистината храбрата вера во светото и доброто треба да го победи сомнежот на прашањата од илузорната реалност. Трпеливото и доследно испитување на ефектите од храбриот ризик во верување на целосно недокажаното се потврдува со потврдување на функционирањето на однапред кажаното и ветеното. Впрочем, верување на нецелосно докажаното постои во секоја област на испитување, меѓутоа надвор од верата, верувањата не наметнуваат потреба од храбро верување кое е спротивно на бруталната реалност, туку најчесто се ново подлабоко „откривање на реалноста“ скоро секогаш ново откривање на бруталноста на реалноста. И двете форми на убедување бидејќи се нецелосно докажани се засновани на верување. Но само Верата во светоста, се потврдува како вистинита со потврден исход на кажаното/ветеното. Додека оној „реалниот“ пат, безбедниот, произлезен од површниот поглед на светот, потонува и исчезнува. Храброста, ризикот во вербата во доброто, светото го стекнува правото на награда за верувањето кога површното светско убедување станало масовно и широкоприфатено.

Што сакаш ти? Да се лажеш со површната реалност на многумина во правец на пропаст или да бидеш попаметен од вообичаеното и да ја избереш вистината која се потврдува и те води кон излезот, кон спасување? 

За ова веројатно се однесуваат стиховите: Кој што прави, со вера да прави, ако не прави со вера, грев прави“.
Така Бог ги поставил работите оној кој ја бара вистината да ја открива и оној кој е верен во исправноста на Неговото учење да остане во вистината. Неверниот и да ги има на илјадници докази пак сомнежот ќе го победи бидејќи ќе постои друго ново прашање за докажување што ќе го става во сомнеж. Кај неверните лажниот сомнеж ќе расне и ќе победи и останува надвор од вистината.
А ако некој рече токму во ова се огледа Верата како опиум на оние кои веруваат, тогаш им го поставувам прашањето како отровот да е посилен од противотровот. Што е заспивачки опиум (отров), а што е отрезнувачки противотров ако се обвинуваме меѓу себе за истото, откриваме од тоа што од двете вкусувања е посилно. Затоа не плашете се да вкусите И од противотровот на Христовата Вера
(12 „за да гледаат со очи, и да не видат; да слушаат со учи, и да не разбираат; оти се бојат да не се покајат некогаш, та да им се простат гревовите.”). Токму Вашето одбивање да се признае и погледне светот на начин како верникот што го гледа е стравот да не се наруши себезалажувачкиот комодитет на заблудата и незнаењето кој и онака ќе падне признале или не. Бидејќи единствената вистина која е целосна и неоспорна вистина е САМОЕВИДЕНТНАТА ВИСТИНА. Додека сознанијата кои ние ги бараме и докажуваме се само алузија на вистината. Од таму и само Господ единственo самоевидентен е единствената Вистината, се друго е привремена илузија.

Превземено од  http://www.pravoslavnamakedonija.blog.com.mk/

Share Link: Bookmark Google Yahoo MyWeb Facebook Myspace
Последно освежено ( Петок, 09 Октомври 2009 10:52 )  

Мислења  

 
0 #1 damjancd@gmailc.om 2009-12-08 22:42
"Кој што прави, со вера да прави, ако не прави со вера, грев прави"

значи сите научници, дури и тие што го откриле пеницилинот направиле грев? Затоа што горенаведениот пример во библијата иде во тотална контрадикторнос т со научниот метод. Вербата не е потребна, преку разумот се открива што е што не е.

Си зборел ли некогаш со муслиман уверен во своите верувања, идентичен е со тебе, пробај некој политеист, исти ствари.

Repeticio ad absurdum во буквална смисла, повтараме со истата само неискреност што крстоносците повтарале, и муслиманите што се нурнаа во зградите близначки.
Цитирање
 
 
0 #2 sard 2010-02-15 10:52
Цитатот „"Кој што прави, со вера да прави, ако не прави со вера, грев прави" повеќе се однесува на имањето чиста совест во делувањето. Ако се делува, а при тоа се има на ум дека нешто друго е исправно, тоа е причина за непоштеност, за делување во грев. Истовремено ја одразува самоувереноста на Христијанското учење во својата исправност.
Со разумот само се потврдува што е, што не е. Со духот се открива вистината. Без водството на духот, ниту научниците не би можеле да откриваат, туку би лутале во лавиринтот на илјадници можности.
Убеденоста во своите гледишта ја делат како верниците, така и атеистите. Зарем Вашиот став погоре е помалку фундаментален од мојот.
Цитирање
 

Внеси мислење


Заштитен код
Обнови


Македонско Братство

   Галерија        Форум         Портал      

                                          

 

Контакт
Question

Контакт

Веронаука

Секој Четврток (17:45) во храмот
Св. Ѓорѓија во н. Чаир со о. Ивица

Активности

За зачувување на името...            

          

Македонско Братство

 

Со Вера во †Бог

за Братство меѓу Македонците и

сите Православни Христијани