Добредојдовте: МкБ

Портал Македонско Братство

МкБ

Портал Македонско Братство

Јун30

Ни Свети Спас не може да ја спаси Софија, а камо ли Спаска во Брисел!

30 јуни 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла пародијата која бугарската фашистичка партија АТАКА ја приредува пред Европа: именувањето на одродникот Спаска Митрова од страна на европратеникот Димитар Стојанов за „советник за македонски прашања“ во Брисел?!
Злоупотребата на еден семеен проблем во Македонија за политички цели од најниски побуди со фашистички предзнак, доволно зборува до кое дереџе се доведени „Бугарите“ во Бугарија и во кој безизлез плови Софија. 

 
Јун30

Во Бугарија има се, само бугари не!

30 јуни 2010 година, Софија, Бугарија (СМК) - Прашањето не е дали Македонците во Македонија се Бугари, туку има ли Бугарин во Бугарија без македонски корени? Тоа што во Бугарија има сé само Бугари  не, не е вина на Македонија, туку на историската заблуда на Софија заради туѓи и други интереси. Оттука смешни се барањата на Софија за потрага по Бугари во Албанија и  Косово кои ги нема, но укажуваат на романтизмот во кој одредени ретроградни сили се уште живеат потхранувајќи се со санстефанските илузии за „Голема Бугарија“. 

Проблемот во Бугарија не се Македонците во Македонија и Албанија, туку емиграцијата од 2.000.000 претежно млади и образовани по укинувањето на визите за Европската Унија, стареењето на нацијата и фактот дека Ромите и Турците полека но сигурно стануваат мнозинство во земјата.

 
Јун29

МАКЕДОН остро ја осудува изјавата на Доневски како нерелевантна и штетна

29 јуни 2010 година, Скопје, македонија (СМК) - Прашањето за враќањето на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година е пресериозно прашање, за да се импровизира и злоупотребува за лична афирмација на поединци, што штети на процедурата која се води во  координација на Координативното тело за егејското прашање при Владата во кое партиципираат здруженијата на Македонците од Егејот обединети во МАКЕДОН.

 
Јун29

Стоп на самовластието и апартхејдот на струшкиот градоначалник

29 јуни 2010 година, Скопје, македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес го осудува самовластието на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и од Владата на Република Македонија бара итни мерки на забрана за воведување на албанскиот како наставен јазик и издавањето на свидетелства на албански јазик за учениците Македонци во основното училиште „Гоце Делчев“ во  Подгорци. 

Исламската вероисповед на Македонците во Подгорци не може да претставува основа за административна промена на етничката припадност на Македонците во Подгорци во Албанци.

 
Јун29

ВИНОЖИТО: Доневски нема поддршка во индивидуалните постапки пред грчките власти за државјанствата

29 јуни 2010 година, Солун, Грција (СМК) - На изјавата на Ѓорѓи Доневски, секретар на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, дека ВИНОЖИТО ќе асистира во постапките за враќање на државјанствата и имотите на протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија пред грчките власти, политичката партија на Македонците во Грција, ВИНОЖИТО упати остар  демант. 

ВИНОЖИТО наведува дека за враќањето на државјанствата и имотите на насилно прогонетите од 1948 година постои комисија при Министерството за надворешни работи на Македонија и најголема грешка ќе биде ако секој индивидуално се обраќа до грчките власти за каков и да е документ за одземените државјанства и имоти, што е неможно без правна помош и надвор од постапките што ќе ги води комисијата при МНР на Македонија и експертите  упатени во грчкото законодавство и процедурите пред Европскиот суд за човекови права.

 
Јун26

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА на Демократската партија на Македонците од Србија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

на Демократската партија на Македонците од Србија

на 26 јуни 2010 година



На 25 и 26 јуни 2010 година во работна посета на Република Македонија престојува делегација на Демократската партија на Македонците од Србија, во состав: Драган Велковски претседател на партијата, Гојко Илиевски потпретседател на партијата и претседател на Македонската заедница во Србија, Ѓорѓи Михајловски потпретседател на Главниот одбор на партијата, Јован Лазаревски претседател на Градскиот одбор на партијата за Панчево и  Лила Ражњатовиќ претседател на Градскиот одбор на партијата за Белград.

 
Јун25

Второ собрание на Сојузот на Македонците од Егејот - МАКЕДОН

СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ
ОД ЕГЕЈОТ - МАКЕДОН
______________________________
Булевар „Партизански одреди“ број 78/42, МК-1000 Скопје, + 389 75 823 941



До
средствата за јавно информирање

Предмет: Одржување на Второ собрание на Сојузот на Македонците

од Егејот МАКЕДОН на 26 јуни 2010 година (сабота) со почеток

во 11.00 часот во Големата сала на Стопанската комора

на Македонија



 
Јун25

Македонија во ООН е примена под нејзиното државно име!

25 јуни 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Во врска со изјавата на генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, дека Советот на Европа ќе го користи „името под кое земјата е признаена во Обединетите Нации“, Светскиот Македонски Конгрес укажува дека Македонија во членство на Обединетите Нации е примена под нејзиното државно име со уставната референца „Република“, но со  времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“ само во системот на Обединетите Нации заради разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Елада.

 
Јун24

Ираклис во македонската Прва лига

24 јуни 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес ги охрабрува навивачите на најстариот фудбалски клуб Ираклис од Солун, основан во 1908 година, поради одземената лиценца за настап во Суперлигата на Грција да се пријави за настап во првенството на Македонија.

 

 
Јун23

Грчки фанови протестираат со македонски знамиња

Фановите на фудбалскиот клуб Ираклис од Солун, на свој начин протестираа против грчката фудбалска федерација откако беа исклучени од настап во најдобрата грчка лига.

Бидејќи не добија лиценца за настап во грчата Супер Лига, дел од фановите на овој тим протестираа со македонски знамиња и побараа од управата на овој тим да побараат приклучување кон македонската фудбалска лига.

 
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Банер

Анкета

Општо земено како ја проценувате моралноста на содржините во македонските медиуми?
 

Тоше секогаш ќе живее

Тоше Проески

Помош за Бигорскиот Манастир

Вистината за Арачиново 2001

http://img.youtube.com/vi/GaSpFwMDJxU/2.jpg

Вистината за Арачиново 2001.Види...

ТВ Програми


Посети




Македонско Братство

   Галерија        Форум         Портал      

                                          

 

Контакт
Question

Контакт

Веронаука

Секој Четврток (17:45) во храмот
Св. Ѓорѓија во н. Чаир со о. Ивица

Активности

За зачувување на името...            

          

Македонско Братство

 

Со Вера во †Бог

за Братство меѓу Македонците и

сите Православни Христијани