Сеп01
26 август 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес ја отфрла изјавата на Марк Прелек од Меѓународна кризна група за Македонија како провокација за албанска сепарација од Македонија што не е можно без нова регионална војна на Балканот!
Ако Меѓународната кризна група е загрижена за регионалната стабилност на Балканот, нека ја принуди Елада, Европската Унија и НАТО да ја прифатат државноста на Македонија! Државноста не е само територијата, туку и името и народот и јазикот заедно! Прокламацијата на наци-фашистичкото барање на Атина за промена на државното име Македонија и сервилноста на европската биократија кон грчкиот геноцид врз македонскиот народ ќе го дестабилизра не само Балканот туку и Европа!
Светскиот Македонски Конгрес
Сеп01
25 август 2010 година, Скопје, Mакедонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН од оваа година ќе продолжат традиција на одбележување на годишнината од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо во Егејскиот дел на Македонија во 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година со помен за жртвите од војната.
На 27 август, петок, во 10 часот, делегација на Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН по повод шеесет и втората годишнина од британското напалм бомбардирање односно фрлањето на првите напалм бомби во светот во Македонија во 1948 година, ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од Граѓанската војна во Грција, во Жена парк пред Собранието на Македонија, а во 11 часот во дворот на црквата „Света Богородица“ на Кејот на Вардар во Скопје ќе се одржи комеморација со панихида за жртвите од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо со пригодни говори за настанот.
Сеп01
(Повод: Колумната „Кога понекогаш те совладува тага - има причини за тоа“ на Љубомир Д. Фрчкоски во Дневник од 17 август 2010 година)
Пишува Тодор ПЕТРОВ
Кога Бранко, Љубомир, Виктор и Јани ... кашлаат, нивните трабанти Жарко, Славко, Бранко и Ерол ... (секоја случајност не е намера на авторот, туку фантазија на читателот) по правило имаат дијареја во боја, јавноста треба да се фарба. Така функционира ТАА фабрика, така работат нагоните на овие „некастрираните“ (во умот). Они мислат дека нивната оргија е екстаза за нацијата, иако се прскаат самите, бидејќи се сами и еден до друг. Они мислат дека нацијата ја „посрале“, ама подалеку од септичката јама (два на два), во која сите заедно пливаат (кој подлабоко, кој на површина по воздух, па пак заедно во длабочина) не отпливале. Народот вели: караванот си оди, кучињата си лајат. И се’ така, додека не пцовисаат. Закони на природата. Таа пошаст, почитувани мои, неповратно заминува од Македонија, неповратно транзитира цели 80 години
Сеп01
Пишува: Тодор ПЕТРОВ
Ја читам колумната на Жарко Трајаноски во Дневник од 11 август 2010 година, насловена „Политички авантуристи“ и не можам да се изначудам на глупостите со кои овој наводно новинар ја труе подолго време јавноста на тема: промена на државното име Македонија! Жалосно е што тоа му е платена навика. Не оти некој му верува... Но, неговите коментари не ме оставија рамнодушен...
За опсервацијата на Жаркота за „тајванската авантура“, во друга прилика, оти тоа не е поентата. Неа не ја вети Циле, туку неговите ментори, менаџерите на војната. За тоа и кој со кого поради што водеше „војна“ во 2001 година, другпат.
Жарко во колумната „Политички авантуристи“ прави пародија со следниот коментар: „Најновиот налет на политички авантуризам го видовме минатата седмица со кампањата за прекин на преговорите со Грција, поддржана од провладините интелектуалци.
Сеп01
10 август 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) работи за Македонија и Македонскиот народ, тоа е потврден историски факт не само на зборови туку и со дела и членовите на СМК не се оптоварени со далтонизмот и шовинизмот на некои новокомпонирани „социјалдемократи“.
За волја на вистината, ќе дојде неизбежно време, кога СДСМ мора да се соочи со велепредавството на својот лидер Бранко Црвенковски кој без мандат ја внесе Македонија во Обединетите Нации под акронимот БЈРМ и ја втурна државата во разговори за промена на државното име Македонија, поигрувајќи си со нејзиниот правен идентитет и правниот идентитет на нејзините граѓани!
Голема лага е ако новокомпонирани „социјалдемократи“ од типот на Гордан Георгиев мислат дека тие што нудат промена на државното име Македонија вршејќи кривично дело велепредавство се за ЕУ и НАТО, а огромното мнозинство кои се за државното име Македонија, се против овие сојузи на држави!
|
Сеп01
(Пишува: Тодор ПЕТРОВ, одговор на коментаторот на ТВ-А1 за 39-тата Светска Македонска Средба на 2 август 2010 година во Трново) Во својот коментар за Триесет и деветтата Светска Македонска Средба во Трново одржана на 2 август годинава, во организација на Светскиот Македонски Конгрес, Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Сојузот на Македонците со исламска религија, коментаторот на ТВ-А1 од Битола, Пеце Стефановски, говорот на Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров го оцени за тврда национална реторика, во која споменал „мешетари, потплатени партии и медиуми, зачинувајќи ги со врховисти и квислинзи, се со цел, да го одбрани името и заложба за прекинување на преговорите.“
Сеп01
(Тодор Петров: Одговор на написот „Во Трново, глогов трн за ЕУ“ од Славко Нинов, Време, број 2033, од 05.08.2010 година)
Актерот Славко Нинов, наводно „дежурна острилка“ на дневникот „Време“ оти го објавуваат со најава на насловна и во ќош на втора страница, во бројот 2033 од 5 август 2010 година, се огласи со коментар под наслов „Во Трново, глогов трн за ЕУ“, кој гласи: „На Илинден, на собирот на иселениците во Трново, на собраните им се обрати претседателот на СМК Тодор Петров. Тој, во својот говор, ги опомена Грците дека ако не го променат својот однос кон Македонија „Елада нема да биде цела“. Такво нешто, во денешно време, особено од Македонија, може да каже само некој што самиот не е цел. Тоа, можеби, и ќе поминеше со таквата квалификација ако на истата говорница не се појавеше и вицепремиерот Васко Наумовски. Неговото обраќање значеше јавна и јасна поддршка на ставовите на Петров, односно нивно прифаќање како став на Владата.
|